Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Албанскиот премиер Еди Рама на крајот од самитот на НАТО во Анкара потврди дека следниот самит ќе се одржи во Тирана.

-Како велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато. Сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана – изјави Рама во куса видео порака од Анкара, заедно со делегацијата.

Албанската државна агенција АТА објави дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потврдил дека Тирана ќе биде домаќин на следниот самит.

-Следниот самит на НАТО ќе биде во Албанија. Ова е одлука донесена и во Хаг, и во Анкара. Точниот датум допрва ќе биде утврден – рече Руте на новинарско прашање.

Според агенцијата, оваа одлука ја потврдува стратешката улога на Албанија како сигурен и важен партнер на Западен Балкан и во Северноатлантската алијанса. Се потсетува дека одржувањето на самитот во Тирана претходно било доведено во прашање поради неисполнувањето на обврските за вложување средства во одбраната.