ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС
- Тој се обидува да ја освои својата петта титула на Тур де Франс, колку што имаат и рекордерите Анкетил, Меркс, Ино и Индураин
Актуелниот шампион на Тур де Франс, Тадеј Погачар, победи во третата етапа на таа престижната велосипедска грантур-трка и ги презеде водството во генералниот пласман и жолтата маичка, откако бонус-поените за победникот на етапата го израмнија со Данецот Јонас Вингегор, кој ја носеше жолтата маичка од првата етапа, пишува „Би-би-си“.
Погачар ја презеде контролата на околу половина километар пред целта, изненадувајќи ги Вингегор и францускиот миленик Пол Сеишас со жесток напад. Ричард Карапаз од Еквадор е трет веднаш пред Сеишас, двајцата две секунди зад Винегор. Во генералниот пласман, Погачар и Вингегор имаат исто време, осум часа, 46 минути и 55 секунди. Погачар (27) се обидува да ја освои својата петта титула на Тур де Франс и да стане најуспешниот возач во историјата на оваа трка, заедно со Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин.
– Добив дополнителна моќ во финишот благодарение на Дел Торо, оти тој се посвети повеќе од 100 отсто на последното искачување. Целиот тим во средината на етапата рече дека е можно да се оди на етапна победа и среќен сум што денес го почнавме Тур со овој неверојатен финиш. Да се земе жолтата маичка е сон за секој велосипедист од која било возраст, па јас секогаш кога можам да ја земам се чувствувам посебно – рече Погачар, пренесе „Би-би-си“.
За секоја етапна победа велосипедистот добива 11.000 евра, носењето на жолтата маичка вреди 500 евра по ден, зелената, точкестата и белата маичка носат по 300 евра дневно, а најборбениот возач добива 2.000 евра по етапа, пишува „Би-би-си“. Вчера се возеше четвртата етапа (181,9 км). Г.И.

































