Со брза, навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен.
Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните. Во постојана координација сме и со колегите градоначалници, како и со сите надлежни институции – напиша тој на социјалните мрежи.
Ѓорѓиевски нагласи дека нема простор за паника.


































