Педесет и едногодишен маж со иницијали С.Г. од скопско Таор е приведен под сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., со која живеел во иста куќа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 26 јуни С.Г. пријавил во полициска станица дека Ж.Г. се оддалечила од домот. Следниот ден повторно се обратил во полицијата, пријавувајќи дека ја пронашол почината во близина на селото Летевци, во скопскиот регион.
На местото на настанот извршен е увид од полициски службеници и јавен обвинител. Телото, кое било во фаза на распаѓање, по наредба на обвинителот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
По извршениот службен разговор, С.Г. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Во рамки на истрагата, приведени се и З.М. (62), Г.Б. (64) и М.Д. (69).
Од МВР информираат дека, во координација со надлежен јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

































