Македонија и Албанија денеска ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Со ова, како што истакна Тошковски во во отчетот за сработеното, се заокружува системот „Оне Стоп“ (One Stop) со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово.
-Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини. Со ова го заокружуваме системот „Оне Стоп“ со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово – информира министерот.
Според СВР Охрид, потпишувањето е предвидено за 14 часот, на граничниот премин Блато. Договорот за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави ќе го потпишат министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари. Веднаш по потпишувањето се планирани и изјави од двајцата министри.



































