Фото: Пиксабеј

Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија заврши, изјави извор близок до преговарачкиот тим.

Иранската новинска агенција Тасним објави дека делегацијата на Иран одбила заедничко фотографирање со американската делегација.

Американците и посредниците во разговорите, Пакистан и Катар, планирале да има ракување и заедничка церемонија на фотографирање, но Иранците одбиле.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој ја преводи американската делегација, денеска изјави дека разговорите во Швајцарија со иранската страна за поширок договор на Блискиот Исток, можат да бидат историски и да доведат до трансформација на регионот и трајно подобрување на односите со Иран.

Иранската државна телевизија објави дека на првата 80-минутна сесија од разговорите не се дискутирало за нуклеарната програма на Иран, туку за почитувањето на договорот меѓу САД и Иран и ситуацијата во Либан.

Иранската делегација протестирала до американските претставници за заканите кон Иран што денеска ги упати претседателот Доналд Трамп.

Американскиот претседател денеска прво му се закани на Иран дека ќе го „удри уште посилно“ ако не го запре својот сојузник во Либан – Хезболах, а потоа упати закани и до иранските преговарачи дека „нема да се вратат во својата земја“ ако Техеран повторно го блокира Орускиот Теснец.

– Затворете го Ормускиот Теснец и повеќе нема да имате земја. Нема ни да се вратите во вашата земја. Можеби ќе го преземеме теснецот ако треба. Ќе ги дигнеме во воздух. По истекот на 60-те дена, можам да правам што сакам – изјави Трамп.