Сончево и топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска низ земјава, а во попладневните часови на одделни места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 33 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 15 до 32 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до средината на следната седмица ќе се задржи сончево и потопло време во претпладневните часови, со променлива облачност во текот на денот.
Поради зголемената енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските предели и во југоисточните делови на државата. Ветерот ќе биде умерен и претежно од северен правец.

































