Во последните 24 часа, полицијата на територијата на целата држава привела 14 возачи за безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од приведените, осуммина управувале без возачка дозвола, тројца биле под дејство на алкохол, еден возел со активна забрана за управување, еден ја надминал дозволената брзина, додека едно лице во Берово било затекнато и без возачка дозвола и под дејство на алкохол.
Во Скопје биле приведени тројца возачи без возачка дозвола, двајца во Битола, додека по едно лице во Велес, Тетово и Кавадарци.
Во Скопје е регистриран и случај на возач кој управувал со возило и покрај активна забрана за управување, додека во гостиварско е приведен возач поради пречекорување на дозволената брзина.
Поради возење под дејство на алкохол, приведени се по едно лице во Тетово, Охрид и Куманово, а во Берово полицијата затекнала возач кој бил и без дозвола и под дејство на алкохол.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави, а апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола, под забрана или под дејство на алкохол.
































