Фото: Маја Јаневска-Илиева

Денеска во Скопје се одржа протест на студенти кои бараат да им се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Протестот започна од плоштадот кај влезот во Старата скопска чаршија, а потоа продолжи преку Камениот мост и плоштадот „Македонија“ пред Министерството за правда.

Протестот се одржа под слоганот „Обединете се со студентите – сите заедно“, а организаторите најавиа дека протестите ќе продолжат додека не се исполнат нивните барања.