Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 53-годишниот М.К. од беровско поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ – соопшти полицијата.
Според информациите, во периодот од 3 до 10 февруари 2026 година, пријавениот, кој бил вработен како хигиеничар во основно училиште во селото, вршел психичко насилство врз тројца ученици, пренесе МИА.
Полицијата наведува дека тој ги снимал децата и со својот мобилен телефон.

































