Илустрација / Фото: Пиксабеј

Уганда денеска потврди појава на жариште на смртоносниот вирус ебола на својата територија, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Надлежните власти информираа дека е регистриран сојот Бундибугјо, еден од познатите видови на вирусот ебола.

Еден пациент починал вчера на одделение за интензивна нега, откако развил хеморагични симптоми карактеристични за болеста.

Министерството за здравство соопшти дека заразата била пренесена од соседната Демократска република Конго, каде претходно беа регистрирани случаи на ебола.

Здравствените власти во Уганда преземаат мерки за следење на контактите и спречување на понатамошно ширење на вирусот.