фото: Пекселс

Крајбрежна стража на САД соопшти дека пресретнала три бродови на осомничени шверцери на дрога кои превезувале наркотици во вредност од повеќе од 61 милион долари.

Според соопштението, пловните објекти биле запрени на 8 мај, на околу 145 километри од Картагена, во близина на брегот на Колумбија.

На бродовите биле пронајдени речиси 2,8 тони кокаин, а вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од 45 милиони долари.

Еден од бродовите не ги почитувал наредбите за запирање, по што бил онеспособен со прецизен снајперски оган насочен кон моторите, соопшти американската служба.

Осомничените потоа скокнале во морето, а екипажите на хеликоптерите фрлиле средства за спасување и ги извлекле лицата без повреди.

Останатите два брода застанале по наредба на припадниците на Крајбрежна стража на САД.

Во видеоснимка објавена од службата се гледаат три бродови во пламен по завршувањето на операцијата.

Администрацијата на Доналд Трамп во последниот период спроведува построги мерки против шверцот на дрога од Јужна и Централна Америка, а американските власти ваквите акции ги оправдуваат со прогласувањето на наркокартелите за терористички организации.

Критичарите, пак, предупредуваат дека смртоносните операции во меѓународни води можат да бидат спорни од аспект на меѓународното право.