Фото: ЕПА

Американскиот милијардер Илон Маск е меѓу водечките бизнис-лидери кои го придружуваат американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата државна посета на Кина.

Портпарол на Белата куќа потврди дека Маск се качил во претседателскиот авион што полета за Пекинг.

Во делегацијата се и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, кој во септември ќе се повлече од функцијата, како и првиот човек на „Нвидија“, Џенсен Хуанг, чија компанија е еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција.

Трамп во Кина го придружуваат и директорот на „Боинг“, Роберт Кели Ортберг, директорот на „Блекрок“, Лери Финк, коосновачот и директор на „Блекстоун“, Стивен Шварцман, директорот на „Каргил“, Брајан Сајкс, како и директорката на „Ситигруп“, Џејн Фрејзер.

Во американската делегација се и претставници на компании како „Голдман Сакс“, „Мастеркард“, „Мета“, „Квалком“, „Микрон“ и „Виза“, како и други големи технолошки и финансиски корпорации.