Фото: Пиксабеј

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територија на целата држава лишиле од слобода девет возачи поради безобѕирно управување возило, при што сите биле затекнати како возат без возачка дозвола, пренесе МИА.

Како што информираат од МВР, четворица возачи биле приведени во Скопје, по двајца во Струга и Битола и еден во Прилеп.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.