Фото: Пиксабеј

Диетата со тврдо варени јајца го топи салото, а во продолжение прочитајте сè што треба да знаете за диетата што може да ви помогне да ослабете до летото. Јајцата се хранливи и добри за секој оброк во денот, а се богати со протеини. Диетата со варени јајца е нискокалорична и придонесува за зголемено внесување протеини (едно јајце содржи околу седум грама протеини), што брзо може да предизвика губење на тежината без губење на мускулната маса – чест проблем со губењето на тежината.
Поради многубројните придобивки од јајцата, нутриционистите често ги вклучуваат во различни режими на исхрана – за губење тежина или за добивање мускулна маса.

Каква е диетата со варени јајца?

Диетата со варени јајца е нискокалорична диета со малку јаглехидрати, базирана на јајца, посни протеини и зеленчук без скроб. Може да доведе до краткорочно губење на тежината поради калориски дефицит, но е рестриктивна и тешка за одржување.
Планот вклучува: строго дефинирани оброци, список на дозволени и забранети намирници, комбинација од јајца, посни протеини и зеленчук. Во повеќето варијации, секој оброк вклучува јајца или други посни протеини, зеленчук без скроб и една-две порции овошје со малку јаглехидрати.
Нутриционистите тврдат дека за две недели можете да забележите потенка половина, но и поубава коса и нокти.

Како да се спроведе диета

Диетата вклучува три оброци на ден, без закуски.
Појадок: најмалку две јајца, зеленчук без скроб (на пр. домати, аспарагус), овошје со ниска содржина на јаглехидрати (на пр. грејпфрут). Ручек и вечера: зеленчук без скроб јајца или посни протеини (пилешко, риба). Дозволени се вода, чај и кафе без шеќер. Се препорачува лесна физичка активност (одење, возење велосипед), но не е задолжително. Диетата обично се следи неколку недели, по што следува постепено враќање кон нормална исхрана.
Забранета храна: житни производи (леб, тестенини, ориз…), зеленчук богат со скроб (компир, пченка…), овошје со многу шеќер (банана, манго…), преработена храна и слатки и засладени пијалаци.
Важно е да се напомене дека многу од овие забранети намирници всушност имаат важна хранлива вредност.
Оваа диета може да доведе до слабеење затоа што го намалува внесувањето калории, има малку јаглехидрати и богата е со протеини, кои го зголемуваат чувството на ситост. Диетата со малку јаглехидрати може да ви помогне да ослабете и да го забрзате метаболизмот, како и да ги намали хормоните на глад.