Во саботата во дворот на Железничката зграда се одржа јавниот настан „Каков тип на (кооперативен) град?“, кој обедини уметничка интервенција во јавен простор, едукативна програма, музички настапи и перформативно готвење. Настанот се реализираше како соработка помеѓу фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ и проектот „Градот како сцена: Урбани утопии“.
Настанот имаше цел да отвори простор за критичко преиспитување и колективно замислување на градот како заедничко добро, преку кооперативни модели, солидарни практики и одржливи урбани визии, како дел од поширока иницијатива за истражување на женските кооперативни модели и нивниот потенцијал како одговор на современите општествени и урбани предизвици и е дел од будењето на киното во Железничката зграда, а со него се отвора и фестивалот „Прво па женско“.
Програмата започна со презентација на резултатите од работилницата реализирана од Ана Џокиќ и Марк Нилен, како дел од тридневен процес на заедничко истражување, мапирање и замислување кооперативни модели на живеење, работа и грижа. Во рамките на овој сегмент ќе се одржат воведни обраќања, презентација на заклучоците од работилницата и отворена дискусија со публиката. Настанот е дел од програмската линија „Ри-јуз“ – сценографски интервенции во јавен простор како алатка за градење еколошки иднини (урбани утопии), во рамките на проектот „Градот како сцена: урбани утопии“, кој се реализира во периодот мај-ноември 2026 година, во рамките на Лабораторијата за перформативни просторни практики.