Фото: пиксабеј

Најмалку 15 полицајци беа убиени во самоубиствен напад врз полициска станица во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, што се граничи со Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на официјални лица.

Нападот се случи во округот Бану, каде што терористите доцна во ноќта со автомобил полн со експлозив удриле во полициска контролна станица. По нападот имало интензивна престрелка.

Вооружената група Итехад-ул-Муџахидин ја презеде одговорноста за нападот.

– Најмалку 15 полицајци беа убиени. Уште тројца беа ранети во нападот – изјави за ДПА регионален полициски службеник.

Во времето на нападот, на станицата се наоѓаа 18 полицајци.

Силната експлозија доведе до целосно уништување на полицискиот објект, како и до уништување на оклопно возило.