Фото: МВР/Фејсбук

Министерство за внатрешни работи соопшти дека во изминатите 24 часа на територијата на државата се лишени од слобода девет возачи поради безобѕирно управување возило.

Од нив, седум лица возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол, а еден управувал возило со активна забрана и под дејство на алкохол.

Според информациите, во Скопје се регистрирани два случаи на возење без дозвола, а по еден во Тетово, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово.

Во Валандово е регистриран и случај на возач кој управувал под дејство на алкохол, додека во Свети Николе е уапсен возач кој возел со активна забрана и под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, и апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола, под забрана или под дејство на алкохол.