Цените на нафтата денеска бележат пад, откако САД започнаа активности за повторно отворање на Ормуската Теснина, еден од клучните поморски правци за транспорт на енергенси. Сепак, падот е ограничен, а цената на нафтата и понатаму се движи над 110 долари за барел.
На лондонскиот пазар, цената на нафтата „Брент“ попладне се намали за 1,6 отсто и се тргуваше по 112,61 долар за барел. Претходниот ден, цената порасна за 5,8 отсто.
На американскиот пазар, лесната нафта поевтини за 2,5 долари и се тргуваше по 103,92 долари за барел, што претставува пад од 2,35 отсто, по претходен раст од 4,4 отсто.
































