Фото: Официјален Фејсбук профил/Александр Дрозденко

Украина се обиде да нападне една од најголемите рафинерии за нафта во Русија, а украинскиот напад предизвика пожар во индустриска зона во рускиот град Кириши во Ленинградската област, изјави регионалниот гувернер Александар Дрозденко, пренесе „Ројтерс“.

– Главна цел на непријателот беше рафинеријата за нафта Кириши – рече Дрозденко, додавајќи дека нема повредени или смртни случаи во нападот.

Рафинеријата за нафта Кириши, една од најголемите во Русија, преработи 17,5 милиони тони нафта, или 350.000 барели дневно, во 2024 година, што претставува 6,6 посто од вкупното рафинирање на нафта во земјата, велат извори запознаени со ова прашање.