Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.
Петмина возачи биле приведени поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца во Кичево и по еден во Битола, Штип и гостиварскиот регион.
Останатите петмина биле лишени од слобода затоа што управувале возило под дејство на алкохол, и тоа по еден во Скопје, Кочани, Неготино, Делчево и Радовиш.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

































