Фото: Влада

Зачувувањето на стабилноста и сигурноста на македонскиот денар е врвен приоритет, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи, пренесе МИА.

Таа посочи дека денеска се одбележуваат 34 години монетарна самостојност и постоење на македонски денар, кој, како што наведе, успешно се справувал со бројни предизвици и се изградил во стабилна и сигурна валута.

-Зачувувањето на таа стабилност и сигурност на нашиот македонски денар е врвен приоритет и темел за обезбедување економска стабилност – истакна министерката.

Димитриеска-Кочоска додаде дека Министерство за финансии е посветено на одржување на макроекономската и фискалната стабилност, како основа за повисок економски раст, нови инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.