Во британската воена база на Кралското воздухопловство РАФ Ферфорд во Глостершир синоќа избувнал пожар, при што е оштетена зградата на поранешната кантина, пренесе МИА.
Засега нема информации за повредени лица, а огнот не ги зафатил авионите, пистите и хангарите.
Кралско военовоздухопловство на Велика Британија РАФ Ферфорд претставува главна оперативна база во Европа за американските стратешки бомбардери, меѓу кои Б-1Б Лансер и Б-52Х Стратофортрес.
Од март во базата се стационирани голем број авиони како дел од операциите предводени од САД против Иран. Во последните месеци е забележана засилена активност, вклучувајќи полетувања, слетувања и товарење муниција.
Причината за пожарот сè уште не е позната, но доколку се утврди дека станува збор за саботажа, британските и американските власти најавуваат заедничка истрага.
































