Со пригодна програма, песни и рецитации, музика и цртање на ученици од Ателје Артика, денеска во Прилеп, беше одбележан месецот на франкофонијата.Во манифестацијата се вклучија околу 200 ученици од основните и средни училишта од Прилеп и од регионот.

-Преку јазикот се зближуваат културите.Франкофоните покажаа што научиле.Благодариме за поддршката на Француската амбасада.Овој настан го потврдува заедништвото меѓу Македонија и Франција – рече Весна Трајческа, проф.по француски јазик.
За градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски важна е поддршката на земјите од ЕУ.Тој најави продлабочување на соработката со Франција и збратимување со француски град.

Францускиот амбасадор Н.Е. Кристофер Ле Риголер посочи дека ќе продолжи поддршката за изучување на францускиот јазик, при тоа најавувајќи засилена економска соработка. Ка.М.

































