Во Галерија Остен вечерва ќе биде отворена изложба на карикатури од членови на Хрватско друштво на карикатуристи (ХДК).
На изложбата ќе се претстават бројни еминентни автори, меѓу кои Франо Чебало, Миро Георгиевски, Мирослав Геренчер, Роко Иџојтиќ, Драгутин Ковачевиќ, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимац, Зринка Остовиќ, Петар Писместровиќ, Никола Плечко, Зденко Пухин, Среќко Пунтариќ, Предраг Рајчевиќ, Иван Саболиќ и Даворин Трговчевиќ.
Публиката ќе има можност да ужива во богат избор на карикатури, зад кои стојат врвна уметничка вештина, но и долгогодишно пријателство меѓу ХДК и „Остен“-Скопје.
Од галеријата посочуваат дека соработката меѓу двете институции трае со години и се темели на взаемна почит кон карикатурата како уметничка форма. Преку заеднички изложби, размена на автори и учество на меѓународни фестивали, тие континуирано ја афирмираат моќта на визуелниот хумор и сатирата да ги надминуваат границите.
„Остен“ одамна го препознава квалитетот на хрватската карикатура, а со оваа изложба уште еднаш се потврдува цврстото партнерство меѓу Скопје и Загреб, велат организаторите.


































