Учениците од VIII одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, кои следат настава на албански јазик, заедно со наставниците по македонски јазик Магдалена Грческа и Бобан Перески, реализираа инспиративна посета на Спомен – домот на браќата Миладиновци во Струга.
На учениците им беше одржано предавање од страна на едукатор од Музејот „Д-р Никола Незлобински”, од наставниците и од Ристе Миладинов (директен потомок од семејството на Браќа Миладиновци).
Со голем интерес и ентузијазам, учениците се запознаа со животот и делото на Димитар и Константин Миладинов.
Посетата беше исполнета со љубопитност и нови сознанија, а учениците имаа можност одблизу да ја почувствуваат историјата и значењето на нивното творештво.


































