Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот со Иран е „многу блиску“ и дека неговата суштина е земјата да нема нуклеарно оружје.
Тој посочи дека постои силна позиција Иран да се откаже од нуклеарно вооружување на долг рок, нагласувајќи дека не станува збор за строго ограничување од 20 години.
– Да бидеме искрени, нема временско ограничување – рече Трамп.
Трамп додаде дека би размислил за патување во Пакистан доколку таму се потпише мировен договор, а најави и можна нова рунда разговори со Иран за време на викендот.
Според него, Иран покажува поголема подготвеност за договор отколку пред два месеца. Сепак, предупреди дека во случај да нема договор, воените дејствија би продолжиле.
– Ако нема договор, борбите продолжуваат – заклучи тој.
































