Припадници на МВР лишиле од слобода четворица разбојници веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници.
-На 11.4.2026 околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници – стои во соопштението на МВР.
Како што додаваат оттаму, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во ПС Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

































