Светската атлетика (СА) воведува Светско првенство (СП) во маратон од 2030 година. Маратонот ќе остане дисциплина на светските првенства во атлетика во 2027 и во 2029 година, но од 2030 година ќе се префрли на свои самостојни шампионати. Од 2031 година маратонот, или која било друга тркачка дистанца на пат, повеќе нема да биде дел од светските првенства во атлетика, пишува СА. Светското првенство во маратон ќе стане годишен настан, со мажи и жени што ќе се натпреваруваат во наизменични години, со иста фреквенција како и тековниот маратон на светските првенства. Тоа е првенство замислено во тесна соработка со оние што го направија маратонот глобален феномен каков што е денес, а сите детали за тие партнерства ќе бидат објавени во наредните месеци, пишува СА. Светското првенство во атлетско трчање на друмски патеки ќе продолжи да се одржува како посебен годишен настан. Како дел од оваа нова насока, Светската атлетска го потврди отворањето на формални истражувачки разговори за Атина да биде домаќин на првото Светско првенство во атлетски маратон во 2030 година. Н.М.

































