Децата што живеат во конфликтни области во светот и натаму беа изложени на екстремно ниво на насилство во текот на изминатите 12 месеци, а светот повторно ги изневери, изјави денеска директорот на УНИЦЕФ за вонредни ситуации Мануел Фонтен.
Тој рече страните инволвирани во судири предолго прават ѕверства кои минуваат неказнето и оцени дека ситуецијата ќе се влошува.
– Многу работи можат и мораат да се направат за да се заштитат децата – истакна тој.
Во подраќјата на конфликти, како Сирија, Јемен, Конго, Нигерија, Јужен Судан и Мјанмар секојдневно се случуваат силувања, принудни венчавки и киднапирање деца. Во Авганистан, само во првите шест месеци од 2018 година се убиени или осакатени околу 5.000 деца. Во Централноафриканската република на две од три деца им е потребна хуманитарна помош, а над 1.800 деца во Сомалија под принуда станале војници.