Фото: ЕПА

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изрази загриженост поради одлуката на САД привремено да ги олеснат санкциите за извозот на руска нафта, оценувајќи дека таквиот потег може да создаде „опасен преседан“.

-Русија треба да има помалку, а не повеќе средства да води војна – додаде Калас пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел.

Таа повика актуелните настани на Блискиот Исток да не го одвлекуваат вниманието од војната во Украина.

-Затворањето на Ормускиот теснец е во интерес и на Русија – нагласи Калас. -Главното прашање е како теснецот да остане отворен, бидејќи оттаму поминуваат 95 отсто од енергетските испораки за Азија – посочи Калас.

Таа соопшти дека разговарала со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дали во овој случај може да се примени пристап како кај договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, во однос на ѓубривата.

-Во наш интерес е теснецот да биде отворен, иако не сме толку зависни колку азиските држави – заклучи Калас.