Илустрација / Фото: „Нова Македонија“

Делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода утре ќе останат без електрична енергија поради зафати во електродистрибутивната мрежа, пренесе МИА.

Од ЕВН Македонија информираат дека на 16 март (понеделник) без струја ќе бидат: од 08.30 до 12.30 часот корисниците на улицата 1506 во Скупи и дел од улицата „Никола Карев 9“ кај реката Лепенец и „Стоп Енд Го“ во општина Карпош.

Од 09.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на улицата „31“ во Волково, општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 11.00 до 13.00 часот струја нема да има и дел од корисниците на улицата „Ефтим Спространов“ во општина Кисела Вода.

Информацијата ја соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) по добиено известување од ЕВН Македонија.