Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска ја повика Европската Унија „веднаш“ да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, бидејќи на Европа ѝ се заканува нов силен удар врз цените на енергенсите поради војната на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот Теснец.
Тој на платформата Икс објави дека е загрозен „голем дел од глобалното снабдување со енергенси“, а Европа е особено изложена поради претходната забрана на ЕУ за увоз на руски енергенси, – пренесе МИА
– Сега глобалната понуда дополнително се намалува поради судирот на Блискиот Исток, а кога се намалува понудата расте цената, па на Европа ѝ се заканува драматично зголемување на цените – посочи Сијарто. -пренесе МИА
Тој го предупреди Брисел дека ако ги задржи санкциите тоа „сериозно ќе им наштети на европските луѓе и европската економија“.
Сијарто потенцира дека европската политика мора да се води од заштита на интересите на граѓаните, а не од идеологија.
































