Во Владата на Саудиска Арабија извршени се промени во раководствата на неколку министерства, меѓу кои и Министерството за надворешни работи, пренесе агенцијата Анадолија.
Саудиската новинска агенција СПА ја објави одлуката на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, со која е извршена ревизија на Кабинетот во Ријад.
Ибрахим ал Асаф е именуван за нов министер за надворешни работи на Саудиска Арабија.
Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија на официјалната интернет-страница ја потврди веста за промена на досегашниот министер Адел ал Џубеир.
На местото на досегашниот министер за информирање, Авад бин Салих ал Авад, именуван е Турки ал Шебане.
Сменет е и досегашниот саудиски министер на Националната гарда, Халид бин Абдулазиз бин Ајаф, а на негово место е именуван Абдула бин Бендер.
Хамад ал Шеких е нов министер за образование на Саудиска Арабија, а функцијата ја презеде од досегашниот министер Ахмед бин Мухамед ал Иса.