Фото: Пиксабеј

Ирачкото министерство за енергетика објави дека целата земја моментално е погодена од целосен прекин на електричната енергија, без да ја наведе причината.

– Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“ – соопшти министерството, според ирачките медиуми.

Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и далноводите, пренесува МИА.

Делови од земјата постојано се напаѓани од почетокот на војната меѓу Израел, САД и Иран.