Во Основен суд Штип денеска започнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, кој се товари за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип. Тој пред судот изјавил дека не се чувствува виновен за делото.
Случајот датира од минатата година, кога по неколкудневна потрага по исчезнатата жена, дел од нејзиното тело беше откриен закопан во дворот од куќата на обвинетиот. Исчезнувањето првично го пријавила нејзината сестра. Во изјава дадена пред Основно јавно обвинителство Штип, како можни мотиви биле наведени љубомора и нарушени љубовни односи.
Од Министерство за внатрешни работи на Македонија информираа дека на 24 октомври 2025 година сестрата на жртвата пријавила дека таа се оддалечила од домот. По судска наредба, на 10 ноември бил извршен претрес во домот на Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и предмети кои се поврзуваат со убиството.
По спроведениот претрес, Асанов бил лишен од слобода и му била определена мерка притвор. Според соопштението на МВР од 16 ноември 2025 година, дополнителните вештачења и разговорите со обвинетиот придонеле за појаснување на околностите и начинот на извршување на кривичното дело.



































