Две илјади шахисти играа на Универзитетот ЛЈ во Ахмедабад
Универзитетот ЛЈ во Ахмедабад (Индија) беше домаќин на мамутскиот шаховски турнир во забрзан шах во девет кола, на кој настапија две илјади шахисти во огромната сала на Универзитетот. Притоа организаторот, покрај бесплатната регистрација, обезбеди ручек и вечера за двата натпреварувачки дена, плус неограничени закуски, кафе и чај додека траеше натпреварот, пишува „Чесбејс Индија“.
Турнирот беше успешен обид за Гинисов светски рекорд, бидејќи на овој настан настапија рекордни 2.000 шахисти, што беше голем успех. Првото место го освои Крунал К. Соланки, поканет шахист со рејтинг, со совршен резултат, односно девет победи од исто толку партии. Вториот носител, Саумил Наир, професор на Универзитетот ЛЈ, го освои второто место со 8,5 поени. Турнирот беше добро организиран под водство на Анкит Далал, поранешен студент на Универзитетот ЛЈ и основач на „Моето шаховско патување“, кој им помага на индиските шахисти да ја посетат Европа за да учествуваат на шаховски турнири. Тој е исто така добар играч во шаховски бокс.
Точно пред една година Универзитетот организираше шаховски турнир со 867 шахисти без рејтинг, што само го покажува интересот на Универзитетот да учествува на мегашаховски настани, пишува меѓу другото шаховскиот сајт „Чесбејс Индија“. Г.И.

































