Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Американската агенција за царина и гранична заштита соопшти дека од полноќ ќе ја прекине наплатата на царините воведени минатата година врз основа на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА), откако Врховен суд на САД во петокот ги прогласи за незаконски.

Во порака испратена преку системот Cargo Systems (CSMS), агенцијата најави дека една минута по полноќ ќе ги деактивира сите царински кодови поврзани со претходната наредба на претседателот Доналд Трамп, донесена врз основа на ИЕЕПА.

Суспензијата на наплатата се совпаѓа со воведувањето нова глобална царина од 15 проценти, која Трамп ја воведе врз основа на друго законско овластување, а со која ќе се заменат царините што Судот ги укина.

Агенцијата не наведе зошто наплатата продолжила уште неколку дена по судската пресуда.