Викендов куп
Со денешните полуфинални натпревари, МЗТ Бела вода – Баскет Кам 2011 (15 ч.) и Крива Паланка – Бадел 1862 (17.30 ч.), во Македонска Каменица ќе почне годинашниов завршен турнир во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ за кошаркарки, а утре е финалето (18 ч.). Завршниот турнир во спортската сала „Кирил и Методиј“ првпат ќе се игра во Македонска Каменица, во организација на домаќинот и актуелен шампион КК Баскет кам, и ќе биде директно пренесуван на Македонската радио-телевизија (МРТ). Македонска Каменица станува 11. различен град домаќин во историјата на Купот на Македонија за кошаркарки.
Во женскиот кошаркарски куп на Македонија досега се одиграни вкупно 33 завршни турнири, 12 клуба го освоиле славеничкиот трофеј, најмногу пати победил Вигор Скопје (девет пати), а најдолга победничка серија, со четири трофеи во низа, има Кимико (од 2003 до 2006 година). Лани трофејот го освои Вардар. Г.И.
РАСПОРЕД
Полуфинале
Баскет кам 2011 – МЗТ бела вода 15 ч.
Крива Паланка – Бадел 1862 17.30 ч.
Финалето е утре од 18 ч.

































