На 74-годишна возраст почина велемајсторот Јан Тиман, деветкратниот холандски шампион, елитен играч од крајот на 1970-тите до почетокот на 1990-тите, повеќекратен учесник на Турнирот на кандидатите, соопшти Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Ќе биде запаметен по својот имагинативен стил на игра, извонредни натпреварувачки достигнувања и богато литературно наследство, пишува ФИДЕ. Трката на Тиман за шаховската круна почна во 1972 година, првпат се пласира на Турнирот на кандидатите во 1985-та, а неговата потрага кулминира во мечот за светски првак во 1993 година против Анатолиј Карпов, кој Тиман го загуби, информира ФИДЕ. Тиман ја претставуваше Холандија на 13 шаховски олимпијади, а во 1976 година го освои златниот медал на првата табла. Тиман даде значаен придонес и како шаховски писател и уредник, вклучувајќи долгорочни улоги во списанието „Ново во шахот“ и како автор на неколку признаени книги како што се „Уметноста на шаховската анализа“ (1980), „Уметноста на напаѓачкиот шах“ (2014) и „Титаните на Тиман“ (2016). Тој беше и истакнат композитор на шаховски студии и еден од најсилните практични играчи што се истакнале во шаховските композиции. Во октомври лани, Тиман беше примен во Светската шаховска куќа на славните, како признание за неговиот траен придонес

































