Неколку минофрлачки ракети експлодираа во близина на американската амбасада во Ирак, која се наоѓа во строго обезбедуваната Зелена зона во Багдад, пишува порталот „Шафак њуз“.
Инцидентот се случил само неколку часа по завршувањето на ненадејната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Ирак.
Веднаш по ракетирањето, обезбедувањето на американската амбасада одговорило со предупредувачки истрели. Повеќе детали за нападот не се соопштуваат.