Фото: Пиксабеј

Скијач од Данска кој бил повреден од лавина бил извлечен и спасен вчера на Попова Шапка, соопшти МВР.

– На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје- се наведува во соопштението од МВР.