Одбојкарски клуб „Штип УГД“ – Штип ја „завери“ лидерската позиција на табелата со победата од 0:3 (12:25, 14:25, 19:25) на гостувањето кај Работнички 71&22 во третото коло од плејоф во Првата лига мажи.
Работнички и покрај отсуството на двајцата стандардни организатори на играта, со ротации во поставата се обиде соодветно да му парира на фаворитот.
Сепак, не можеа да го запрат расположениот Стојан Илиев, кој го предводеше гостинскиот состав до убедлив триумф.


































