Во Италија, Милано и Кортина д’Ампецо во тек е свеченото отворање на 25-тите Зимски олимписки игри, кои ќе траат до 22 февруари.
На игрите ќе учествуваат над 2900 спортисти од рекордни 94 националности, што е историски број за олимписки настан.
Македонија ќе има четворица претставници: Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиски дисциплини, Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпски дисциплини.
Знаменосци на македонската репрезентација ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо, а во Ливоњо беше Виктор Петков.
































