Фото: ЕПА

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ВАТЕРПОЛО

Во фи­нал­ни­от нат­пре­вар во „Бел­град­ска аре­на“, пред око­лу 13.000 гле­да­чи, Ср­би­ја ја сов­ла­да Ун­га­ри­ја со 10-7

 
Ма­шка­та ва­тер­по­ло-ре­пре­зен­та­ци­ја на Ср­би­ја го освои злат­ни­от ме­дал на 37. Европ­ско пр­венс­тво (ЕП) за ма­жи, кое во кон­ку­рен­ци­ја на 16 се­лек­ции се одр­жа во Бел­град, Ср­би­ја. Во фи­нал­ни­от нат­пре­вар играа Ун­га­ри­ја, до овој меч со вкуп­но осво­е­ни 26 ме­да­ли (13 злат­ни, се­дум сре­бре­ни и шест брон­зе­ни), и до­ма­ќи­нот, до овој меч со се­дум ме­да­ли ка­ко са­мо­стој­на др­жа­ва (пет злат­ни и по еден сре­брен и брон­зен ме­дал), а сла­ве­ше Ср­би­ја со 10-7 (3-2, 2-3, 2-1, 3-1), што прет­ста­ву­ва неј­зи­но ше­сто зла­то, до­де­ка Ун­га­ри­ја го освои ос­мо­то сре­бро. Нат­пре­ва­рот се оди­гра во „Бел­град­ска аре­на“, пред око­лу 13.000 гле­да­чи. Во ме­чот за тре­то­то ме­сто, ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Гр­ци­ја за прв­пат во сво­ја­та исто­ри­ја освои европ­ски ме­дал, брон­зен, по­бе­ду­вај­ќи ја ин­дис­по­ни­ра­на­та Ита­ли­ја со 12-5.
Срп­ски­те ва­тер­по­ли­сти пос­ле­ден пат го осво­и­ја зла­то­то во 2018 го­ди­на во Бар­се­ло­на, Шпа­ни­ја. На пос­лед­но­то ЕП одр­жа­но во Хр­ват­ска во 2024 го­ди­на, ти­ту­ла­та ѝ при­пад­на на Шпа­ни­ја, вто­ра бе­ше Хр­ват­ска, а тре­та за­вр­ши Ита­ли­ја.
 
Во иде­ал­ни­от тим на ЕП 2026 беа из­бра­ни: Ми­лан Глу­шац (Ср­би­ја), Ду­шан Ман­диќ (Ср­би­ја), Стра­хи­ња Ра­шо­виќ (Ср­би­ја), Кон­стан­ти­нос Ка­ка­рис (Гр­ци­ја), Сти­ли­ја­нос Ар­ги­ро­пу­лос (Гр­ци­ја), Кри­сти­јан Ман­херц (Ун­га­ри­ја) и Акош Наѓ (Ун­га­ри­ја). ЕП во ва­тер­по­ло ка­ко од­во­е­но од ЕП во вод­ни­те спор­то­ви се одр­жу­ва од 1999 го­ди­на. Г.И.