Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење – информира Министерството за транспорт.

Како што посочуваат екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема,  почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта – посочуваат од Министерството за транспорт.

Нагласуваат дека кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел, како што велат, да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.