Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар синоќа лишиле од слобода 60-годишен жител на градот, кој управувал патничко моторно возило под дејство на алкохол.
-Синоќа во 21:13 часот на улица „Јусуф Багери“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ.М.(60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта – информираше портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.
Лицето веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Воедно, од полицијата апелираат до возачите на зголемена внимателност и строго почитување на сообраќајните прописи, особено поради замрзнатите коловози.


































