Kristijan MIckoski
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.

-Немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме – истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.

Тој нагласи дека и по година и половина од преземањето на одговорноста, Владата се уште се соочува со непријатни изненадувања, кои во најголем дел се резултат на, како што посочи, седумгодишното неодговорно управување на СДСМ и ДУИ.

-Секој ден излегува некое ново  непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал. Но најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време – потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Владата работи посветено и одговорно, со цел целосна стабилизација на состојбите и надминување на наследените проблеми, притоа водејќи се исклучиво од државниот и јавниот интерес.

-Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како Влада ги реализиравме и, поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина – посочи Мицкоски.