Денеска од 15 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Од АМСМ информираат и дека во 11:00 часот ГП Евзони (Гп Богородица) е затворен за сите видови возила.
Од Македонија пат, пак, информираат дека сообраќајот на патниот правец Струга – граничниот премин Ќафасан на 1 – 2 километри пред преминот од 11.30 часот е во прекин поради превртено тешко моторно возило (цистерна).
На самото место се екипа на Ј.П. Македонијапат, противпожарна екипа и сообраќајна полиција, се до нормализирање на сообраќајот.
































