РАКОМЕТ – УТРЕ ВО ПОРЕЧ
Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Кирил Лазаров, утре во хрватскиот град Пореч ќе го има првиот контролен меч во рамките на подготовките за Европско првенство (ЕП) во 2026 година, во Данска, Норвешка и Шведска. За противник ќе ја има селекцијата на Хрватска. Црвено-жолтите во Хрватска ќе тренираат до 30 декември, а потоа продолжуваат од 8 до 10 јануари на турнирот Винтертур (Швајцарија), каде што ќе одиграат пријателски дуели со Бахреин, Украина и Швајцарија. Оттаму ќе замине на ЕП во Хернинг, Данска, каде што ќе ја игра првата фаза,
Во Хрватска вчера попладне требаше да патуваат сите 20 ракометари, а голманот Мартин Томовски оди на 2 јануари, кога и националниот тим ќе биде комплетен. Како што е познато, на местото на повредениот Валентин Карасманакис, Лазаров го повика пикерот Никола Маркоски.
Претстојното ЕП ќе биде 17. по ред, а за Македонија тоа ќе биде деветто учество, осмо во низа. Најдобриот пласман на европските првенства Македонија го оствари во 2012 година во Србија, кога беше петта. Г.И.































